Со натпреварите од 33. коло попладнево е заокружена сезоната 2023/24 во Првата македонска фудбалска лига.
Струга Трим Лум иако загуби од Шкупи, ја одбрани титулата, Шкендија ги освои бодовите на дуелот со Работнички и обезбеди учество во квалификациите за Конференциската лига. Стружани ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите.
Вардар ќе игра бараж за опстанок, Македонија ЃП и Брегалница испаднаа од лигата.
АП Брера Струмица – Македонија ЃП 5:3
Брегалница – Силекс 1:1
Работнички – Шкендија 0:2
Струга Трим Лум – Шкупи 1:2
Вардар – Тиквеш 2:2
Воска Спорт – Гостивар 1:1
Табела: Струга 64 бода, Шкендија 64, Шкупи 62, Тиквеш 44, Силекс 43, Гостивар 42, Брера 42, Работнички 42, Воска 42, Вардар 37, Македонија ЃП 29, Брегалница 28.