Претседателите на Јужна Кореја и на САД, Мун Џае-ин и Доналд Трамп во денешниот телефонски разговор ја потврдија решеноста за воспоставување на мир и денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Телефонскиот разговор е воочи патувањето на специјалниот претставник на Мун, Чунг Еуи-јонг и јужнокорејска делегација во Пјонгјанг.

- Претседателот Мун објасни дека планира да испрати делегација во Северна Кореја, како дел од подготовките за самитот на Јужна и Северна Кореја, а разговараа и за воспоставување на постојан мир на Корејскиот Полуостров преку целосна денуклеаризација, се наведува во соопштението од претседателот на Јужна Кореја.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 19:47