Главниот извршен директор на социјалниот медиу TикТок ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп в понеделник, објавија американските медиуми, бидејќи идниот претседател, наводно, размислува да ја спаси апликацијата од веројатната забрана за работа во САД.
Шоу Чју ќе им се придружи на неколку други високи социјални медиуми и технолошки магнати за кои се наведува дека присуствуваат на церемонијата на 20 јануари, вклучувајќи ги и извршниот директор на Tesla, X и SpaceX, Илон Маск, основачот на Amazon, Џеф Безос и Марк Цукерберг од Мета.
За поканата за присуство на Чју, објавија Њујорк Тајмс и Волстрит џурнал.
Врховниот суд на САД се очекува да донесе одлука дали да и забрани на компанијата да работи во САД.
Конгресот минатата година усвои закон со кој го принудува кинескиот сопственик на ТикТок, ByteDance, или да ја продаде платформата или да ја затвори до недела, а очекувањата се големи дека законот ќе важи, јавија американските медиуми