Девет цивили, од кои пет деца, биле убиени при руски воздушни напади во сириската област Идлиб, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Според Опсерваторијата, руски авиони ја бомбардирале областа првпат по пауза од 22 дена.

Сириската армија и нејзините руски и ирански сојузници најавија голема офанзива во Идлиб, која е последната поголема сириска област што се уште е под контрола на бунтовниците.

Западните земји ја предупредија Сирија да не почнува офанзива во Идлиб, стравувајќи дека е можно нападот да предизвика хуманитарна катастрофа и да ги претвори преостанатите три милиони жители во оваа област во бегалци.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 19:49