НБА лигашот Индијана Пејсерс потпиша нов повеќегодишен договор со тренерот Нејт Мекмилан, објави клубот на официјалната веб-страница.

54-годишниот специјалист со тимот на Индијана работи од 2016 година. Во двете претходни сезони, тој има скор од 90 победи и 74 порази.

- Благодарност до раководството за укажаната доверба. Од самото мое доаѓање тука пред две години ја имам поддршката која многу ми значи, изјави Мекмилан.

Минатата сезона Индијана во плејофот беше елиминирана од Кливленд во првото коло во серија од седум меча (4:3).

Мекмилан се најде на 6.место на листата најдобри тренери во лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2018 11:41