Австралискиот тенисер Џон Милман изјави дека ќе мора да го одигра најдобриот натпревар во кариерата доколку сака да го победи српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и да се пласира во полуфиналето на Ју-Ес опен.

- Може да звучи здодевно, но морам да ја контролирам својата страна на теренот. Потребно е грешките да ги сведам на минимум и да ја користам секоја можност, ако сакам да го загрозам на било кој начин. Немам илузии, мора да го одиграм најдобриот натпревар ако сакам да го победам Ѓоковиќ. Тој е физички подготвен и ќе ја искористи секоја можност, истакна Милман.

За 29-годишниот австралиски тенисер ова е прво четвртфинале на Гренд слем во неговата кариера. Тој го направи досега најголемото изненадување на Ју-Ес опен откако по три и пол часа игра во осминафиналето го совлада фаворизираниот швајцарски тенисер Роже Федерер.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2018 20:42