Општина Битола го објави конкурсот за доделување на највисоките општински признанија за годишни остварувања на правни и физички лица, како и за престижната награда за животно дело.

На конкурсот кој ќе биде отворен до 4 октомври може да се пријавуваат или да бидат предложени правни лица, здруженија на граѓани, група на граѓани и поединци кои во текот на изминатата година постигнале значаен резултат и од важност за заедницата во сферата на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствена и социјална заштита, како и други сегменти од животот кои посебно придонеле за развојот на општината.

Наградата за животно дело се доделува на поединец, и таа претставува одлика на заокружена континуирана творечка целина, посочуваат од тамошната локална самоуправа.

Според востановената традиција, доделувањето на годишните награди и признанија се врши на свечена академија што ја организира општина Битолана 4 ноември, денот на ослободувањето на градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 16:46