Изложба насловена „Мотиви од Куманово и Кумановско“ ќе биде отворена вечерва со почеток во 20 часот во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Кумановци ќе имаат можност да разгледаат над триесетина дела работени во техниката масло на платно.

Сликарскиот ракопис на авторот е јасен, појаснува историчарот на уметност од кумановскиот Центар за култура, Роберт Цветковски. Публиката ќе има можност да разгледа дела во кои има мотиви од пејзажи од кумановскиот крај и екстериери на стари куќи од градот Куманово.

Делата на Трајковски го документираат богатството на Куманово и Кумановско преку високо софистициран визуелен приказ.

Трајковски со ликовна уметност се занимава неколку децении. Кон крајот на деведесетите учествува на бројни групни колонии,а реализирал и самостојни во Македонија и државите од Балканот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 17:16