Секогаш е добро кондомот да ни биде при рака, па вообичаено го чуваме во паричникот. Но, стручните лица предупредуваат дека така се губи квалитетот и сигурноста...

- Топлината, влагата, триењето и светлината може многу да влијаат на квалитетот на кондомот и така да им ја намалат ефикасноста, изјави докторката за сексуално здравје Карин О'Саливан за британски „Метро“.

Се чини, решението не е ниту џебот, каде што, исто така, топлината на телото и триењето, влагата, но и клучевите и острите предмети го оштетуваат латексот, па многу е веројатно да дојде до пукање. Тоа треба да се чува на суви места.

- Идеално место за чување кондоми би била метална кутија или платнена вреќичка која ќе ги штити од светлина, топлина и остри предмети, советува Карин.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 00:32