Ирската ММА ѕвезда, Конор Мекгрегор продолжува со подготовките за битката против шампионот на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и истовремено со тоа активно го напаѓа идниот противник во социјалните мрежи.

Мекгрегор не само што навести дека ќе го убие Нурмагомедов, но исто така, истакна дека за таков исход од битката, ќе добие двоен хонорар.

- Ако умре - добро! Тогаш ќе ми биде платено двојно, напиша Конор на Инстаграм.

Конор Мекгрегор отсекогаш бил познат по својата способност да влегува под кожата на противникот и да го вади од рамнотежа. Истото му се случи и на Жозе Алдо, но Хабиб Нурмагомедов тврди дека не обрнува внимание на зборовите на Ирецот и претпочита да зборува во „кафезот“.

Средбата меѓу Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов ќе се одржи на 6 октомври на турнирот УФЦ 229.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 01:23