Општина Крива Паланка во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија од вечерва до вторник, единаесетти септември, организира филмски циклус – проекција на Шпански филмови.

- Проекциите ќе отпочнат со филмот „Среќни 140“, а првата проекција е закажана за вечерва со почеток во 20 часот на плоштадот Карпошово востание, на отворената летна сцена во градот. Во периодот од седми до 11 септември кривопаланчани ќе можат да проследат пет современи остварувања на шпанската кинематографија, која важи за светски реномирана и високо ценета од филмските критичари, но и од публиката, информираат од локалната самоуправа на Крива Паланка.

Вечерва, пред првата проекција, најавено е доаѓањето на амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Рамон Абароа Каранза кој ќе има прием кај градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Доколку временските услови не се поволни, „Викенд на Шпански филм“ ќе се одржи во кино-салата на Националана установа Центар за култура, Крива Паланка. Влезот за проекциите ќе биде бесплатен.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 11:02