Манфред Вебер, кој е кандидат за претседател на Европската Комисија, изјави дека идентитетските прашање ќе бидат во срцето на изборната кампања за Европскиот Парламент во 2019.
Вебер најави дека сака да се кандидира за највисоката европска функција, но за тоа ќе треба прво да биде прифатен од неговата политичка група, Европската Народна Партија (ЕПП).
Во разговор со повеќе европски медиуми Вебер порача дека треба да се има “слух“ за популистичките политичари како Виктор Орбан и Матео Салвини.
- Ако ја гледам политичката панорама денеска го имаме Салвини во Италија, Качински во Полска, романските социјалисти, Орбан. Можеме да посакуваме нешто друго, сигурно, но ова е реалноста, изјави тој.
Според Вебер со популистите треба да се “градат мостови“, наместо конфронтација.
Дали Вебер ќе биде официјалниот кандидат на најголемата политичка група ќе се знае во ноември на Конгресот на ЕПП.