Расправиите со партнерот можат да доведат до силни физички болки, покажа ново истражување на Северозападниот универзитет на Илиноис.
Научните испитувања траеле две децении, при што на секои пет години се повикувале брачни двојки пред камера. Додека испитаниците се расправале со својата друга половина, стручните лица го проучувале нивниот израз на лицата, тонот и говорот на телото. Потоа ги испрашувале и за нивната здравствена состојба.
Резултатите покажале дека 80 отсто мажи при расправиите развиле симптоми на срцеви заболувања - болка во градите, забрзано чукање на срцето, кратко вдишување. Тоа значи дека кавгата го зголемува крвниот притисок, што со годините остава последици на здравјето и го зголемува ризикот од срцев удар.
Мажите кои при расправиите избегнуваат контакт со очите, пак, чувствуваат напнатост во мускулите и болки во грбот. Речиси половина испитаници се пожалиле на тоа, наспроти оние кои се емоционално поотворени.