Андре Агаси истакна дека е значајно за квалитетот на тенисот тоа што најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно се натпреварува во врвна форма.

Агаси беше дел од стручниот тимот на Ѓоковиќ, но во април двајцата се разидоа и српскиот тенисер започна да тренира со Маријан Вајда.

- Му беше потребно време да донесе одредени одлуки во врска со повредата на лактот. За жал имаше одредени проблеми, кои со операцијата беа отстранети. Новак е талентиран и се бореше со целата сила. Мислам дека беше посветен само на едно нешто и затоа е добро да го видиме на врвот. Тенисот сега е подобар поради тоа, истакна Агаси.

Ѓоковиќ во полуфиналето на Ју-Ес опен ќе се соочи со јапонскиот тенисер Кеи Нишикори.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 23:39