Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро во финалето на Ју-Ес опен.

Дел Потро пласманот го обезбеди откако актуелниот најдобар тениер во светот Рафаел Надал му го предаде полуфиналниот натпревар поради повредата на десното колено.

По два одиграни сета Дел Потро имаше водство од 2:0, а Надал откако трипати повика медицинска екипа на теренот одлучи да го предаде натпреварот.

Во вториот полуфинален натпревар Ѓоковиќ со убедливи 3:0 во сетови го совлада јапонскиот тенисер Кеи Нишикори.

Натпреварот траеше два и пол часа, а Нишикори немаше шанси против мотивираниот српски тенисер.

За Ѓоковиќ ова ќе биде осмо финале на Ју-Ес опен.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2018 13:09