Младата jапонска тенисерка Наоми Осака ја освои првата гренд слем титула во кариерата, откако во финалето на Ју-Ес опен ја победи Серена Вилијамс со 2:0 во сетови.

Иако Оска е 16 години помлада во натпреварот влезе многу посмирена од искусната американска ривалка, која имаше шанса да дојде до 24-та гренд слем титула.

Вилијамс лошо го започна натпреварот, направи повеќе грешки и почна нервозно да игра, што и овозможи на јапонската тенисерка лесно да го добие првиот сет со 6:2.

Во вториот сет Вилијамс беше подобра и прва направи брејк за водство од 3:1, но јапонската тенисерка веднаш возврати.

Во тие моменти американската тенисерка загуби контрола над емоциите и го искрши рекетот, а по две опомени судијата и одзеде еден поен.

Осака без поголеми проблеми израмни на 3:3 и продолжи успешно да ја користи нервозната игра на Американката за да направи нов брејк.

Тогаш Вилијамс повторно загуби контролата, влезе во расправија со судијата, кого го нарече „крадец“, а тој и одзеде цел гем.

Потоа Осака лесно го оствари најголемиот успех во кариерата и ја совлада една од најдобрите тенисерки во светот сo 6:4.

Јапонската тенисерка со освојување на Ју-Ес Опен ќе добие и парична награда од 3,8 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2018 12:27