Четирикратниот олимписки шампион Мајкл Џонсон закрепнува по претрпен послаб мозочен удар.

Легендарниот американски атлетичар, кој беше светски рекордер на 200 и 400 метри, преку својот Твитер профил соопшти дека минатата недeла имал „исхемичен мозочен удар“.

- Добрата вест е што повторно сум дома со семејството, дека немам никакви срцеви проблеми и дека сум на вистински пат кон целосно заздравување, нагласи Џонсон.

Тој во текот на кариерата освои осум олимписки злата, а во Атланта во 1996 година стана првиот атлетичар кој ги освоил златните медали на 200 и 400 метри на исти Олимписки игри. Тој се повлече четири години подоцна, откако ја одбрани титулата на 400 метри на Олимписките игри во Сиднеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2018 21:49