Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро го загуби финалниот меч на УС Опен против Новак Ѓоковиќ за кого рече дека е одличен играч.

- Тешко ми е да разговарам сега. Загубив, но среќен сум што трофејот го освои Ѓоковиќ. Тој е одличен играч. Јас се обидов д аги надминам повредите з ада бидам тука. УС Опен е мој омилен турнир, изјави Дел Потро.

Ѓоковиќ ноќеска во финалето на УС Опен го победи Дел Потро со 3-0 што е трет негов трофеј во Њујорк и 14-та Грен слем титула.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2018 12:42