„Калуѓерка“ - третиот дел од хорор серијалот „Повикување“ постигна рекордна заработка во првиот викенд по својата премиера. Приходите на светско ниво од првите три дена на еден од најочекуваните хорор филмови годинава изнесуваат 131 милион долари.
Со тоа, „Калуѓерка“ повеќе од трикратно го надмина првиот дел од серијалот „Повикување“, којшто своевремено во првиот викенд од прикажувањето во светот заработи 41,8 милиони долари.
Третиот дел од серијалот само на денот на премиерата заработи 53,5 милиони долари, со што постави светски рекорд во однос на хорор филмовите категоризирани како 18+ филмови. Во Македонија тој е сместен во 16+ категоријата.