Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години го освои второто место на меѓународниот турнир Куп на федерации во Летонија каде освен нашиот национален тим учествуваше домашната селекција, како и Украина и Фарските Острови.

Македонските фудбалери денеска остварија победа од 1:0 над Фарските Острови. Единствениот гол го постигна Енсар Лума во 90-тата минута од натпреварот.

За Македонија ова беше втора победа на турнирот во Летонија, откако претходно ја совлада домашната селекција со 2:1, а двата гола ги постигна Бојан Колевски.

Македонската репрезентација единствениот пораз го претрпе од Украина со резултат 2:0. Токму украинската репрезентација го освоија турнирот со максимални девет бодови, а Македонија остана втора со шест бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2018 19:33