Турција забележа голема победа над Шведска синоќа во Стокхолм со резултатски пресврт, откако домаќините имаа водство со 2:0. Јунак во триумфот на Турците беше Емре Акбаба.

Фудбалерот на Галатасарај во игра влезе од клупата за резерви во 62.минута и во самиот финиш негативата на турската репрезентација ја претвори во победа.

Акбаба најпрво во 88.минута изедначи на 2:2, а потоа во третата минута од судиското надополнување и донесе победа на неговата земја.

Натпреварот се играше во рамките на Групата-2 во Б-дивизијата од Лигата на нации.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2018 13:30