Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони и натаму смета на неговиот имењак Меси и покрај тоа што фудбалерот на Барселона не беше во составот на „гаучосите“ на последните пријателски натпревари.

- Дресот со број 10 и натаму е резервиран за Меси. Тоа ќе биде така се додека тој не одлучи дефинитивно за својата репрезентативна кариера, изјави Скалони.

Лионел Меси по завршувањето на Светското првенство во Русија изјави дека најверојатно става крај со настапите за националниот тим. Сепак тој се уште нема донесено конечна одлука.

Аргентина во саботата без Меси во составот, ја победи Гватемала со 3:0 на дуел одигран во Лос Анџелес, САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2018 15:32