Фудбалерот на Барселона и хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ смета дека неговиот колега од репрезентацијата Лука Модриќ треба да ја освои наградата за најдобар играч изминатата сезона.

- За мене најдобар играч на светот на сите времиња е Лионел Меси. Тоа ќе ви го кажат многумина. Но, да бидам искрен, ова беше година на Лука Модриќ. Тоа го знаат сите, вклучувајќи го и самиот Меси, изјави ракитиќ.

Лука Модриќ минатата сезона со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, со Хрватска играше финале на Светското првенство и е меѓу тројцата номинирани од ФИФА за најдобар фудбалер на годината.

Во конкуренција на Модриќ се наоѓаат Мохамед Салах и Кристијано Роналдо, а по подолго време таму не е Лионел Меси.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2018 15:41