Кога говориме или пишуваме за тоа што чувствуваме, тоа му помага на нашиот мозок да работи поефективно. 3а луѓето што страдаат од преголем стрес или анксиозност, овој метод може да им помогне да ги подобрат своите умствени способности, се вели во истражување објавено на порталот „Сајкофизиолоџи“.
- Луѓето кои постојано имаат немири зашто непрекинато вршат неколку работи истовремено се обидуваат и да ја потиснат својата вознемиреност. Нашите резултати покажуваат дека ако можете да го исфрлите хаосот од главата, опишувајќи ги своите емоции, тие умствени способности се ослободуваат и Вие станувате поефективни, објаснува водачот на испитувањето, проф. Ханс Шредер од Кембриџ.
И претходни научни студии потврдуваат дека запишувањето на нашите најдлабоки размисли и чувства, ни помага да си ги средиме мислите, да ги стивнеме негативните чвства и да се ослободиме од стресот.