Раководствата на Ла Лига и на клубовите Жирона и Барселона побараа дозвола од Фудбалската федерација на шпанија да одиграат првенствен натпревар во САД.

Писмото со барање за одигрување на средба надвор од матичната држава го потпишаа Хавиер Тебас (Ла Лига), Делфи Гели (Жирона) и Жозеп Мариа Бартомеу (Барселона).

Дуелот меѓу двата Каталонски тима е закажан за 26 јануари во Мајами на „Хард Рок “ стадионот.

Одлуката да се одржат најмалку еден натпревар од шампионатот на Шпанија во САД е поврзана со спогодбата за партнерство за промовирање на фудбалот во Северна Америка, донесена во август оваа година.

Претходно играчите од Ла Лига категорично го отфрлија предлогот за одигрување натпревар на американскиот континент.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2018 18:02