Дипломати од Иран, Русија и Турција имаа денеска состанок со пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура со кого разговараа за формирање одбор за промени во Уставот на Сирија.

Разговорите во Женева под покровителство на Де Мистура организирани се поради загриженост на ОН во врска со најавите за борби за северната провинција Идлиб, последен бастион на бунтовниците во Сирија по седум години судири.

Специјалниот пратеник на иранското МНР, Хосеин Џабери Ансари изјави дека од разговорите може да произлезе „добар резултат“. Александар Лаврентиев специјален пратеник за Сирија на рускиот претседател, одби да одговори дали Русија ќе прекине со воздушните напади во Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2018 18:42