Карел Јаролим поднесе оставка од селекторската позиција во чешката фудбалска репрезентација по поразот од Русија со 5:1 во пријателскиот дуел одигран вчеравечер во Ростов.

Во наредните денови, Фудбалската асоцијација на Чешка ќе се сретне со кандидати кои би можеле да го наследат Јаролим на селекторското место.

62-годишнито Јаролим ја предводеше Чешка од 2016 година. Под негово водство, репрезентацијата не успеа да се квалификува на Светското првенство 2018 година, освојувајќи трето место во групата зад Германија и Северна Ирска.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2018 18:44