Меморојален турнир во кошарка во чест на прерано починатиот Горан Димоски ќе се одржи од петок до недела во спорската сала „Македонско Сонце“ во ОУ „11 октомври“ во општина Ценар.
- Горан го сакаше спортот, а особено кошарката. Беше хуман човек кој несебично им помагаше на сите оние на кои им беше потребна помош. Беше голем другар и беше секогаш тука за своите пријатели, соопштија организаторите на турнирот.
На турнирот ќе учествуваат 20 екипи и ќе се одвива по формат и правила на ФИБА 3х3.
Горан Димоски беше роден во Скопје на 3 јануари 1996. Студираше на Американ колеџ во Скопје. Почина трагично на 3 март годинава.