Мотоциклистот Романо Фенати ја изгуби својата лиценца од Италијанската мотоциклистичка федерација по грубиот инцидент што ги направи за време на трката за Гран При на Сан Марино во класата Mото2. На него му беше забрането да учествува на било какви натпреварувања за мотоцикли во неговата татковина. Дваесет и две-годишниот Фенати ги фати сопирачките на својот конкурент Стефано Манци при брзина од 200 км / ч. Тој беше дисквалификуван веднаш од трката и доби забрана за возење во следните два круга. Тој, сепак, го загуби своето место во тимот, откако соопштија дека неговите постапки се апсолутно неприфатливи за натпреварување од ваков ранг. Фенати се извини јавно, а италијанската федерација ќе го разгледува неговиот случај на 14-ти септември. Потегот на Фенити на „Мизано“ не е првиот од сличен вид. Пред две години, тој беше протеран од Академијата на Валентино Роси за неговата недисциплина.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2018 19:39