Настапот на фудбалерот на Рома, Хавиер Пасторе на следниот натпревар со Киево е доведен во прашање. Аргентинецот има повреда на левата нога добиена за време на тренингот.

Пасторе активностите на теренот ги продолжува одвоено од останатите играчи во тимот.

Исто така посебно тренираа Алесандро Флоренци поради повредено колено и Антонио Миранте (повреден врат), додека Диего Пероти кои имаше повреда на скочниот зглоб веќе продолжи со нормални активности.

Патрик Шик е исто така неизвесен за дуелот со „Жолтата подморница“.

Тој има проблеми со препоните по мечот на Чешка со Украина (1:2) во Лигата на нациите.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2018 18:19