Селекторот на Македонија, Јорданчо Давитков, одлучи од составот за утрешниот натпревар со Косово да ги изостави Андреј Маслинко, Кирил Николовски и Предраг Пајиќ.

Меѓу избраниците на Давитков ќе ги нема ниту повредените Марко Симоновски и Адем Мекиќ.

Македонија во Приштина најверојатно ќе истрча во следениот состав: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Димитар Караџовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Љубомир Младеновски, Бојан Крстевски и Ричард Хендрикс.

Средбата се игра утревечер од 20:30 часот.

По три дена (16 септември) во Скопје, исто така во претквалификациите за Европското првенство, ќе гостува селекцијата на Романија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2018 19:02