Македонската Кендо репрезентација ќе го има својот дебитантски настап на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Инчеон, Јужна Кореја од 14.09 - 16.09.2018 година.

Составот за кој се одлучи селекторот Проф. Д-р Златко Кесковски е речиси истиот оној кој, ова лето во јуни, ја одбрани бронзата на балканското првенство во Истанбул, Турција.

Ивановски, Кесковски, Пешков, Бојда и Атанасовски ќе се судрат со репрезентациите на Кина и Аргентина во групната фаза каде што мораат да остварат 2 победи за да продолжат во елиминационата фаза.

Во индивидуалниот дел од првенството Ивановски ќе се бори со А.Сегофи (УНГ) и А.Виквист (ФИН), Кесковски против С. Апеланиз (ШПА) Пешков против шампионот на Јапонија Ј.Катсуми и Д.Гаспариќ (ХРВ) и Атанасовски со К.Јервуд (ПОЛ) и Б.Вонг (САД), изјави Генералниот Секретар Николче В. Балески.

На овој настан учество ќе земат 49 држави и преку 500 натпреварувачи во две категории мажи и жени.

Натпреварите ќе може да се следат на официјалната страна www.17wkc.kr

Воедно, Македонската Кендо федерација стана полноправен член на Меѓународната Кендо федерација што е исклучителен успех на ова поле за Република Македонија. После вложените напори, труд, работа и време на Претседателот на Кендо федерацијата Проф. Д-р Златко Кесковски и Генералниот Секретар Николче Балески, Македонија испишува нова историја во рамки на овие спортски натпреварувања.

Македонската Кендо репрезентација ќе дебитира на Светското првенство во Јужна Кореја


Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 11:53