Француското Национално собрание го избра Ришар Феран за свој нов претседател.

Феран ја доби поддршката на 254 пратеници и лесно ги совлада четворицата противкандидати.

Се работи за политички сојузник на францускиот претседател Емануел Макрон, чие движење Републиката Напред (РЕМ) доминира во Собранието.

Претходниот собраниски спикер, Франсоа де Ружи, беше именуван за министер за животна средина, по неочекуваното повлекување на досгеашниот министер Николас Ило.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 12:24