Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) на својата интернет-страница објави леток со кој повикува на депортација на „илегалните имигранти“.

Летокот е објавен на сајтот на локалниот огранок на АфД во градот Карлсруе, каде се поделени и 30.000 летоци.

На летокот има авионска карта во еден правец на кој пишува „само ре-миграцијата може да ја спаси Германија.

Полицијата во Карлсруе соопшти дека е поведе кривична истрага под сомнение за поттикнување на омраза.

Локалниот одбор на АфД соопшти дека летокот е наменет за сите граѓани со право на глас.

Градоначалникот на Карлсруе, Франк Ментруп истакна дека АфД „ја премина црвената линија“ бидејќи летоците во поштенско сандаче го зголемуваат чувството на несигурност и стравот кај граѓаните и тоа не требало да биде дел од предизборната кампања.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2025 03:19