Претставата на прилепскиот театар „Клетници“ во режија на Мартин Кочоски се закити со награди на 26. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој заврши во Струмица, информираат од Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп.
Од Меѓународната театарска асоцијација НЕТА, претставата „Клетници“ е добитник на наградата за најдобра сценографија, дизајн на светло и костимографија на Јулија Војкова Најман и на наградата за најдобра музика на групата Фолтин.
Претставата предизвика голем интерес на Фестивалот.