Македонските каратисти заминаа за Берлин, Германија каде од 14 до 16 септември ќе се одржи Премиер лигата.

Ова натпреварување е едно од најсилните во календарот на WKF, а за македонските каратисти претставува последно критериумско натпреварување во изборот на репрезентацијата која ќе настапи на Светското првенство во Мадрид на почетокот на ноември.

Согласно критериумите за настап на Премиер лигата во Берлин, право за настап имаат каратистите кои се наоѓаат меѓу 100 најдобри во својата категорија на ВКФ ранг листата.

На турнирот пријавени се вкупно 763 натпреварувачи од вкупно 72 земји, а Карате федерацијата ќе ја претставуваат 15 каратисти.

Учесници од Македонија на Премиер лигата во Берлин, Германија: Драгана Манговска, Сара Радичевска, Симона Заборска, Јована Георгиева, Наташа Стефановска, Вероника Костовска, Ангела Мојсовска, Моника Стефановска, Емил Павлов, Петар Заборски, Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Виктор Крстевски, Мартин Несторовски и Жарко Арсовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 17:58