Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека самодовербата во некои тешки моменти била пресудна да се врати во добра форма.

Српскиот ас, откако го освои Вимблдон и УС Опен, им се заблагодари на сите кои му даваа поддршка и кои веруваа во него во еден турбулентен период.

- „Неверојатно" е веројатно е најдобриот збор да се објасни големиот успех. Овој израз предизвикува големи чувства и верба која ме носеше напред додека поминав низ неизвесност, болка и несигурност, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.

Според неговите зборови, тој изминатиот период сфатил дека изразот неверојатно и граници не постојат.

- Кога тоа ќе го сфатите може да успеете, вели, третиот светски рекет во моментов на АТП листата.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 18:01