Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков посакува триумф против Косово на стартот на втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021.
- Секогаш е потешко кога се игра на гостински терен, без разлика дали станува збор за прв натпревар од фаза или последен. Ние ќе мораме да се сконцентрираме и вечерва да прикажеме што подобра игра. Одработивме два тренинга во салата и можам да кажам дека кошаркарите се подготвени. Впрочем и тие неколку кошаркари кои се пожалија на минимални болки на последните неколку тренинзи во Скопје синоќа не пријавија никакви потешкотии. Се ќе биде полесно доколку ја отвориме втората фаза со победа, изјави Давитков з авеб страницата на МКФ.
Првото место во групата од првата фаза на претквалификациите на Македонија и ги донесе за ривали селекции на Косово и на Романија.
Според распоредот на ФИБА, идентично како во првата фаза, Македонија ја започнува на гостински терен.
Натпреварот против Косово ќе започне во 20 часот и 30 минути.