Стопанската комора на Австрија подготви два робота кои можат да одговараат на разни бизнис прашања преку меил. Роботите ги носат имињата на познатите херои од филмскиот хит „Војна на ѕвездите“ - Р2-Д2 и C3-ПO.

Иницијаторот на проектот, Клаудиjа Скарамбиоло смета дека употребата на вештачката интелигенција за автоматски економски совети како идеја наскоро би можеле да ја преземат и други комори од ЕУ, и од Западен Балкан, jави Танјуг.

- Секогаш се стремиме да ги примениме новите технологии во работата на нашата Комора. Австриската комора посебно обраќа внимание на новите производи засновани на вештачка интелигенција, изјави Скарамбиоло.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 18:10