Екипата на Ферари има побрз автомобил оваа сезона во Формула 1, но Хамилтон и Мерцедес водат во пласманот. Според експертите, тоа се должи во огромна мера на грубите грешки кои ги допушта Себастијан Фетел - единствениот пилот кој има реална шанса да се натпреварува со Хамилтон за титулата.

На повеќето луѓе им е тешко да ги признаат своите грешки, а Фетел не е исклучок. Себастијан, сепак, направи критичка самоанализа пред Големата награда на Сингапур.

- Сметам дека работите за мене се јасни. Јас сум си својот најголем непријател. Имаме одличен автомобил, ги имам сите услови да напаѓам, и шансите се на наша страна. Очигледно Луис е лидер во моментов, тој води и тој мора да биде надминат, но според мене ги имаме сите шанси - но дали ќе успееме да ги искористиме сега и во иднина - тоа е друго прашање, изјави пилотот на Ферари.

Фетел го сврте вниманието и кон претстојната трка. Тој истакна дека стартот во Сингапур е најтешкиот за пилотите - физички и ментално - и дека човек никогаш не се чувствува целосно подготвен. Од друга страна пак, предизвикот е одличен, па затоа лично не може да го дочека почетокот на викендот.

Себастијан стартувал од пол-позицијата на „Јас Марина“ рекордни четири пати. Тој водеше од стартот до финишот во 2011, 2013 и 2015, а во 2013 направи т. н. „Голем слем“ (водство во секоја обиколка и најбрза обиколка).



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 19:05