Здружението за наука и култура од Битола и Друштвото на писателите на Македонија денеска во битолскиот Центар за култура организираат поетско-сценски и ликовен перформанс „Поетска гравитација“ во рамки на проектот „Нов културен бран“ на Министерството за култура.

Поздравна реч ќе има Соња Елзесер, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, а поезија ќе читаат: Мирјана Стојановска, Стела Ковач-Босилковска, Мишел Павловски, Фросина Пармаковска, Ленче Милошевска, Сузана Спасовска, Љерка Тот Наумовска, Милица Радевска, Весна Мундишевска, Никола Илијовски, Кире Неделковски, Лидија Дочевска-Павловска.

Ликовната изложба е на Гоце Крстевски кој ќе претстави копаничарски дела од уметничкото студио „Пердика“, а Ана Жежовска и Симеона Павловска ќе имаат сценски настап со дел од поемата „Бегалци од својот дом“ од Мирјана Стојановска.

Авторите-учесници на „Поетска гравитација“ крајот од манифестацијата ќе и подарат свои книги на публиката.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 11:27