Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе бидат одбележани 50 години театарска дејност на Христо (Ристе) Миладинов.
Јубилејот е во организација на драмското студио „Миладин“, Литургиската заедница при манастирот Рождество на Пресвета Богородица - Калишта и Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.
По повод 50 години дејност на Ристе Миладин беседа ќе одржи професор д-р протопрезвитер Стефан Санџакоски, а ќе биде одигран и дел од драмата „Сириус“.
Во рамките на програмата ќе биде отворена изложба со фотографии од одиграни улоги на Ристе Миладин, а предвиден е и настап на хорот Калистрат Зографски.