Иако „Мерцедес“ тврдеше дека нивните возачи се аутсајдери на Големата награда на Сингапур во Формула 1, Луис Хамилтон на денешните квалификации обезбеди пол позиција и ќе има предност бо утрешната трка пред главниот конкурент за титулата, Себастијан Фетел.

Фетел оствари трето време, додека Макс Верстапен ја зазеде втората позиција, што ќе го направи утрешниот старт на трката многу интересен поради агресивниот стил на возење на Холанѓанецот.

По Фетел се најде вториот возач на „Мерцедес“, Валтери Ботас, по што следат Раиконен од „Ферари“ и Рикардо од „Ред Бул“.

Во Топ 10 влегоа и Серхио Перез (Рејсинг Поинт Форс Индија), Ромен Грожан (Хас), Естебан Окон (Рејсинг Поинт Форс Индија) и Нико Хулкенберг (Рено).



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 20:01