„Разноликост на културите“ е насловот на литературната вечер што се одржа во главниот град на Русија во организација на невладината организација РОО Македонски културен центар во Москва на која беа рецитирани песни од македонски и други словенски автори.

На вечерта, претседателот на Центарот Олга Панкина го претстави и романот „Азбука за непослушните” од Венко Андоновски кој многу успешно беше презентиран на 31-от Московски саем на книга.

Во рамките на литературната вечер се одржаа изложбите на делата на московските уметници Александар Белугин (графика) и Игор Бурдонов (акварел) во кои дојдоа до израз нивните впечатоци од престојот во ликовните колонии во Македонија и Србија.

Претставувањето на книгите беше придружено со прекрасни руски романси во извонредна изведба на пеачката Ема Лобанова.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 04:47