Кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге го сруши светскиот рекорд за 45-тиот БМВ маратон во Берлин.

Кипчоге патеката на берлинскиот маратон ја истрча во 2.01.39 и стана првиот маратонец кој делницата од 42.195 километри ја истрча за помалку од два часа и две минути.

Второто место во Берлин го освои Кениец Амос Кипруто, а на победничкиот подиум се искачи и неговиот сонародник Вилсон Кипсанг.

Досегашниот светски рекорд го држеше маратонецот Денис Кимато, исто така Кениец, кој рекордот го постави пред четири години на истото натпреварување во Берлин.

Четири години подоцна, 33-годишниот Кипчоге беше побрз за минута и 18 секунди.

Во женското натпреварување, славеше минатогодишната победничка, Гледис Чероно (Кенија), со време 2:18:11.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 16:06