Луис Хамилтон забележа категорична победа на Гран При на Сингапур, по која ја зголеми уште повеќе предноста пред Себастијан Фетел во битката за титулата.

Британецот не остави шанси на конкурентите и на крајот ја запиша седмата победа сезонава и 69-та во кариерата, за да поведе со 40 поени пред Себастијан Фетел, кој остана трет, откако беше надминат и од Макс Верстапен со Ред Бул.

Зад тројцата останаа тимскиот колега на Хамилтон, Ботас следен од Раиконен(Ферари), додека Дани Рикардо заврши на шестото место.

На одличното седмо место заврши Фернандо Алонсо, а поени земаа и Карлос Сајнц (Рено), Шарл Леклер (Заубер) и Нико Хулкенберг (Рено).

Од Ферари сигурно ќе жалат за новите изгубени поени, откако кај конструкторите нивното заостанување од Мерцедес веќе е 37 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 23:25