Кошаркарската репрезентација на Македонија оствари победа над Романија со 90:76 (43:35) во второто коло од претквалификациите за ЕП 2021 година.
„Жолто-црвените" одиграа добар натпревар во СЦ „Борис Трајковски" и во ниту еден момент не ја доведоа победата во прашање.
Најефикасен во нашиот тим беше Војдан Стојановски со 21 поен, исто толку постигна и Бојан Трајковски, а 14 реализираше Американецот Хендрикс.
Македонија наредниот натпревар од претквалификациите го игра на 2 декември на домашен терен против Косово.