Амбасадорката на Шри Ланка во Австрија е отповикана бидејќи не одговорила на телефонски повици на претседателот.

Пријајане Вијесекера сега е веќе поранешен амбасадор на Шри Ланка во Австрија.

Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сарисена, во неколку наврати минатата недела се обидел да ја контактира амбасадорката, но бидејќи не одговорила повеќе часови, тој одлучил да ја повлече, јавија австриски медиуми.

Амбасадата на Шри Ланка во Виена во моментов е целосно празна, бидејќи се отповикани уште петмина службеници.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 10:59