Претставници од Музејот Куманово присуствуваа на Форумот на словенски култури кој од 12-ти до 16 септември се одржа во Прага. Пред колегите од 25 музеи од 12 држави тие го претставија Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, неговата оригинална архитектура, декорација, местоположба и како објект репрезент на модерната музеологија.

- Чест беше да се претставува Македонија на овој форум. Претходно, во април годинава, беше подготвена документација со која беше прикажана конкурентноста на Меморијалниот центар „АСНОМ“. Жирито констатираше дека се исполнети условите за учество на конкурсот, изјави Богдан Таневски, директор на Кумановскиот музеј.

Наградата „Жива“ која се доделува за најдобар музеј од словенските земји годинава ја доби Музејот на емиргантите од Гдиња, Полска.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 14:14