Агенцијата за филм на РМ ја промовираше македонската кинематографија и продукциската дејност на „Matchbox co-production lounge“ што се одржа во рамки на јубилејниот 25-ти Филмски фестивал во Олденбург, Германија од 13 до 16 септември 2018 година.

Како што соопштуваат од Агенцијата за филм, на фестивалот што го носи епитетот Санденс во Германија е презентирана Агенцијата и можностите и поволностите за привлекување странски филмски продукции, атрактивни локации за снимање како и можноста за поврат на вложените средства согласно Законот за филмска дејност.

Покрај Агенцијата на овој настан учествуваа и ги претставија своите проекти пред заинтересираните странски продуценти и македонските продуценти Марија Димитрова со проектот „Сестра“ на режисерката Дина Дума и Вардан Тозија сопствениот филмски проект „М“.

Пред германската публика и гостите на фестивалот во Олденбург светска премиера во официјалната конкуренција имаше македонскиот филм „Враќање“ на режисерот Кастриот Абдили.

Во рамките на фестивалот, се наведува во соопштението, беше атракртивно откривањето на ѕвездата на фестивалот на патеката на славните во Олденбург на познатиот американски актер Кеит Карадин („Нешвил“ на режисерот Роберт Алтаман, „Двобој“ на режисерот Ридли Скот, ТВ серијата „Фарго“ и др.).



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 17:18